Фановите на Коџаелиспор покажаа како треба да се навива во време на вирус (Видео)

Турците и Русите даваат најсилен отпор против најголемата закана за фудбалот од Втората светска војна наваму, па таму уште се играат натпреварите, додуша без публика.

Клубот Коџаелиспор има верни навивачи кои и во време кога тимот е заглавен во трета лига, им даваат силна поддршка. По четвртата победа по ред, навивачите решија да ги поздрават своите миленици со песна и палење на пиротехнички средства, како факли и чадни бомби.

Но, најинтересно беше како беа облечени навивачите. Тие на себе имаа маски, а од глава до пета беа со заштита како да се наоѓаат во некоја најзаштитена лабораторија, а не во надворешни услови.

- Оглас -

Најнови вести