Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека некои фудбалери кои дошле во родната земја од ризични земји, не ги почитуваат правилата кои се на сила поради Коронавирусот. Иако се спомна име, српските медиуми шпекулираат дека мислела на Лука Јовиќ, кој игра за Реал Мадрид, а токму во Шпанија деновиве многу расте бројот на заразени.
Околу 65.000 државјани на Србија се вратиле дома од странство бидејќи здравствениот систем во татковината е бесплатен.
„Имаме негативни примери со фудбалери кои имаат повеќемилионски договори, а доаѓаат во Србија и не се во самоизолација. Истражните органи ќе се позанимаваат со тоа“, изјави Брнабиќ.
За Јовиќ се зборува дека пристигнал во Белград на прослава на роденденот на неговата девојка Софија. Тој претходно беше во карантин во Мадрид, но не се знае дали излегол од изолација предвреме или веќе го „одлежал“ своето. Сепак, самоизолацијата во Србија е задолжителна за сите кои допатувале од Шпанија и Италија.