Императорот живна и веднаш почна со реконструкција на Галатасарај

Флорин Андоне ќе се врати во Брајтон, откако Фатих Терим одлучи дека позајмениот Романец не му треба во тимот и Галатасарај нема да ја плати отштетната клаузула.

Андоне има договор со Брајтон до 2023 година, а беше позајмен во редовите на турскиот гигант, лани во септември.

Романскиот репрезентативец одигра само шест меча за Галатасарај и не ги задоволи вкусовите на турскиот великан, пред се на Терим.

Легендата на турскиот фудбал што го носи прекариот Императорот одлучи да го врати Мбаје Дијањ во Галатасарај. Сенегалецот е на позајмица во Бриж, а има договор со Галатасарај до 2023 година и од идната сезона повторно ќе игра во Турција.

Mbaye Diagne: Club Brugge sign Galatasaray star on loan | Goal.com

Терим, кој има 66 години во минатиот месец мина период во самоизолација, откако беше позитивен на тестот за Ковид 19 и успешно успеа да се избори со опасниот вирус.

Во Турција треба да се доиграат уште 8 кола, а Галатасарај со 50 бода е на третото место, зад водечкиот тандем Трабзонспор и Басакшехир кои имаат по 53 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести