Шаќири откри: На училиште ми се чудеа кога се појавив со фризурата на Роналдо

Крилото на Ливерпул Џердан Шаќири, откри дека фудбалски идол му е бразилскиот „Ил феномено“ Роналдо Назарио. Толку многу го идолизирал што дури ја копирал фамозната фризура на Роналдо со која се појави на Светското првенство 2002 година.

„Роналдо од секогаш ми бил пример. Дури имав фризура како него. Кога се појавив на училиште со фамозната „триаголник“ фризура сите ми се чудеа. Кога Бразил загуби од Франција во мундијалското финале во 1998 година плачев поради што Роналдо претрпи неуспех“, истакна Шаќири.

Како што е познато, Роналдо ја направи фризурата со цел да го тргне вниманието од јавноста од тешката повреда со која се здоби, со цел да не му вршат притисок. Очигледно беше дека тоа му успеа, бидејќи ги одведе Кариоките до петтата светска титула и во финалето против Германија ги постигна двата гола во победата од 2-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести