Пари Сен Жермен не планира да потпише договор со Мауро Икарди по истекот на позајмицата, а и во Интер, Аргентинецот не е добредојден, па неговата сопруга и агент, Ванда, бара нова средина во која Мауро би ја продолжил кариерата. Желба на Ванда е нејзиниот маж да потпише за Јувентус, но сега во игра е уште една опција, преселба во Шпанија.
Атлетико Мадрид сака да се раздели со Диего Коста, па во потрага е по екстра напаѓач, преферираат некој од земја со шпанско говорно подрачје, па така се шпекулира дека сакаат да го ангажираат Единсон Кавани или Икарди кој е поскапа варијанта. Уругваецот и Аргентинецот се соиграчи во ПСЖ.
Икарди игра добро, даде 20 гола на 31 меч, и тоа му е препорака за црвено-белиот дрес и заминување на „Ванда метрополитано“. Дали името на стадионот на Атлетико ќе ги привлече Мауро и Ванда, останува да се види. Сепак поверојатната варијанта е дека ќе пресудат парите, и дека Икарди ќе замине во клубот кој ќе му понуди најдобри финансиски услови. Ако тоа биде Атлетико, Икарди во следната сезона нема да може да побегне од судбината и ќе треба да игра на објект кој има име како и жена му.