НБА лигата се прекина на 11 март веднаш по позитивните тестови на Руди Гобер, центарот на Јута, кој беше првиот кошаркар заразен со Корона-вирусот. Сепак, речиси една недела пред да се потврди заразеноста на Французинот, друга ѕвезда била тестирана на вирусот Ковид-19, тоа е Стеф Кари, а додека ги чекал резултатите имал кошмари.
Плејмејкерот на Голден стејт вориорс откако се врати од повредата на дланката му извршиле испитувања при еден од прегледите, бидејќи му била покачена температурата и не се чувствувал добро. Тестовите му ги направиле на 6 март, пет дена пред да се дознае за Гобер.
„На 5 март го одиграв првиот натпревар по повредата, а во тој период се раширија шпекулации како би можел да влијае вирусот врз лигата. Таа вечер не се чувствував добро и имав температура и постепено растеше. Почнав да стравувам: Зарем е можно да ми се случи ова, токму сега? Штотоку се вратив на терен, а дијагнозата ќе значеше нова пауза надвор од терените. Не можев да спијам додека резултатите не се потврдија како негативни“, истакна трикратниот НБА шампион.