Јувентус не се откажува од Мауро Икарди и се обидува со сите сили да го ангажира аргентинскиот ас од Пари Сен Жермен.
Преговори меѓу двата клуба има, како што информираат италијанските медиуми, а цената на Икарди е некаде околу 85 милиони евра.
Јувентус се обидува да избегне плаќање на сума што е висока во услови на криза, па му понуди пакет од четворица играчи на ПСЖ во размена за некогашниот шпиц на Интер.
Во игра се Матија Де Шилјо и Миралем Пјаниќ играчи за кои Јувентус нема да прави проблем, но малку потешко ќе биде да се принудат Даглас Коста и Алекс Сандро да заминат за Париз.
Сепак нема да биде невозможна мисија Икарди да се пресели во Торино, во редовите на италијанскиот шампион, бидејќи е топ-приоритет на „црно-белите“ во летниот преоден рок.