Иако уште е неофицијално, туку само како шпекулација, кошаркарската НБА-лига најавила дека планира под кои услови ќе смеат играчите и останатиот клупски персонал да се појават на тренинг. Во салите каде што ќе тренираат тимовите влезот ќе биде забранет за сите лица на кои ќе им биде измерена телесна температура од 37,2 степени целзиусови или повеќе.
Од денеска олеснети се режимот за самоизолација во некои градови во САД, па наскоро ќе биде можно кошаркарите да тренираат, под одредени услови и со рестрикции. Едно од правилата е и дека не повеќе од четири лица ќе смеат да тренираат заедно во затворен простор (тренерите не смее да бидат присутни), а на отворено тренинзите може да се одвиваат само ако играчите носат маски. Тимски тренинзи не смее да има засега.