Шампионот има проблем – Монпелје не знае да победува кога е фаворит

Монпелје не може да се носи со улогата на фаворит, а кризата продолжува во редовите на европскиот првак, пишуваат француските медиуми.

Шест кола по ред без победа за екипа што ја освои титулата во Лигата на шампионите е премногу. Монпејле е во голема криза и виси пласманот во следната фаза, анализираат новинарите на „Л`Екип“.

На последното издание на фајналфор турнирот во Келн, Монпелје беше аутсајдер во конкуренција на тогаш актуелниот европски првак Вардар и двете екипи од Франција, ПСЖ и Нант, но приреди сензација и ја освои круната.

Во новата сезона тимот се прикажува во многу поинакво светло и нареди пет порази на првите пет меча. Поразите од Вардар, Брест Мешков, Кјелце, Барселона и Веспрем покажаа дека Монпелје не знае да го носи ореолот на фаворит, а ги дотолчи ремито со Кристијанштад, вечар во меч од шестото коло во А групата.

„Екипа што ќе прокоцка пет голови предност и е голем фаворит на мечот, не заслужува ниту реми. И тоа на крајот е подарок за Монпелје“, коментираат симаптизерите на европскиот првак.

И следниот меч е тежок за Монпелје, ќе му гостува на германскиот Рајн Некар, па се потешка е мисијата да се стаса барем до шестото место во А групата за да се обебзеди настап во осминафиналето во ЛШ. Монпелје и Кристијанштад се на последните две места, седмо и осмо во А групата со само еден бод.

 

- Оглас -

Најнови вести