Баер Леверкузен успешно ја помина задачата на гостувањето кај Вердер во Бремен и победи со убедливи 4:1, па Фармацевтите останаа во трка за висок пласман, додека домаќините се сѐ поблиску до испаѓање. Освен освојувањето на трите бода, гостите добија уште една битна работа. Го добија Флиријан Вирц, еден од најголемите таленти во Германија.
Вирц, кој има 17 години и 15 денови, доби шанса да игра од првата минута по десната крилна позиција. Тој е најмлад дебитант во клупската историја и трет најмлад фудбалер кој се појавил на теренот во Бундеслигата. Помлади од него биле само Нури Сахин, кој имаше 16 години, 11 месеци и еден ден кога првпат истрча на теренот, додека Јан Аурел Бисек дебито го направи на 16 години, 11 месеци и 28 денови.
Одлуката Вирц да се појави на теренот се покажа како одлична. Тинејџерот немаше голем притисок бидејќи се играше без публика, а Флоријан за 62 минути, колку што помина на теренот, го покажа својот талент и во иднина сигурно повторно ќе добива минутажа во тимот на Фармацевтите.