Поставен рекорд во Германија: Бундеслигата го доби најмладиот стрелец во историјата

Баер Леверкузен вчера на свој терен загуби во дербито на Бундеслигата од Баерн Минхен со 2:4, но домаќините има нешто на кое може да бидат горди. Тинејџерот Флоријан Вирц кој во игра влезе во второто полувреме, влезе во историјата на Бундеслигата. Вирц погоди во 89 минута и намали на 2:4, со што стана најмладиот стрелец во историја на германското првенство.

Талентираниот играч погоди на само 17 години и 34 денови, со што го сруши рекордот на Нури Сахин кој во 2005 година во дресот на Борусија Дортмунд погоди со 17 години и 82 денови. На листата на играчи кои погодувале пред да наполнат 18 години се и ѕвезди како Џулијан Дракслер, Тимо Вернер, Кристијан Пулишиќ и соиграчот на Вирц, Каи Хаверц кој во 2017 година погоди со 17 години, девет месеци и 22 денови.

Вирц игра како офанзивен играч за врска, а во Баер Леверкузен дојде на почетокот на сезонава од екипата на Келн. Талентираниот играч веднаш доби шанса да се покаже и со 17 години и 15 денови стана третиот најмлад дебитант во Бундеслигата. Помлади од него биле само Нури Сахин и Јан Аурел Бисек.

 

- Оглас -

Најнови вести