Напаѓачот на Аугсбург, Флоријан Нидерлехнер, смета дека недостатокот на бука на стадионот е причината поради која викендов утна пенал на натпреварот против Келн. Мечот заврши 1-1, головите паднаа во финишот, а Нидерлехнер пеналот го утна (голманот Тимо Хорн му одбрани) во првото полувреме при 0-0.
Пред изведувањето на пеналот, играчите на Келн му кажале на голманот дека Нидерлехнер сака да шутира десно. Тој ги слушнал и решил овојпат да шутне лево. Но, за негова несреќа, и голманот тргна на таа страна и го одбрани шутот.
„Ја направив најголемата грешка која може да се направи при изведување пенал. Тоа се тие е…. мечеви без публика. Секогаш шутирам на својата десна страна, но овојпат ситуацијата влијаеше врз мене. Честопати сум бил херој, сега испаднав будала“, вели 29-годишниот фудбалер.