Му се посреќи и на Ристевски – Постигна гол по пауза од речиси три години (Видео)

Кире Ристевски долго чекаше на погодок и вечерва успеа да го прекине постот од цели 20 месеци без гол, откако со удар со нога ја погоди мрежата на Дебрецин.

Стандардниот репрезентативец на Македонија е член на Ујпешт од септември 2018 година и ова му е сефте погодок за унгарскиот гигант.

Претходно, дефанзивецот погоди на 16 септември во 2017 година како играч на Вашаш на дуелот со МОЛ Фехервар, па паузата е долга и траеше речиси три години.

По првото полувреме, Ујпешт со погодокот на нашиот репрезентативец во деветтата минута води со 1:0, во меч што е многу значеан за двете екипи во битката за опстанок.

- Оглас -

Најнови вести