Берлускони во Монца ќе ги носи Ибрахимовиќ и Кака!?

Италијанскиот политичар и бизнисмен Силвио Берлускони на помалку од две години откако го купи фудбалскиот клуб Монца, има големи планови и најавува спектакуларни трансфери. Монца влезе во Серија Б, па сега Берлускони во својот тим сака да ги види ѕвездите Златан Ибрахимовиќ и Кака.

Ако Швеѓанецот и Бразилецот прифатат да играат за Монца, тоа би било за славење. Двајцата имаат соработувано со газда Силвио додека беа во Милан. Ибра и сега е член на Росонерите, но ќе си оди по завршувањето на сезонава.

Од друга страна, некогаш најдобриот фудбалер на светот, Кака, нема играно одамна (се повлече во 2017 година) и ќе треба да го убедат да се реактивира и да игра на второлигашко ниво.

„Ибрахимовиќ и Кака се наша цел за трансфер. Поради работи кои немаат врска со фудбалот, не можеме да ги придобиеме, но никогаш не се знае. Тие се големи играчи за коишто сум многу врзан“, изјави Берлускони, кој 31 година беше сопственик и прв човек на Милан.

Ибра и Кака се врсници, имаат по 38 години, и никогаш не биле клупски колеги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести