Во Шпанија откако продолжи сезоната, секој ден имаше пенал, ќе има ли и вечер?

Дуелите Алавес – Реал Сосиедад и Реал Мадрид – Валенсија, кои се играат вечерва во рамките на шпанското фудбалско првенство, може да донесат продолжување на една рекордна историска низа, а тоа е секој ден да има барем по еден пенал.

Откако Ла Лига продолжи по паузата поради корона-вирусот, судиите секој ден досудуваа барем по еден пенал и ова е рекордна низа. Во Шпанија во минатото никогаш не се ни играло седум дена по ред, а камоли цела недела да има пенали.

Серијата почна во четвртокот на градското дерби Севилја – Бетис, продолжи во петокот на средбата Валенсија – Леванте, а викендов имаше на натпреварот Леганес – Валјадолид во саботата и на Реал Сосиедад – Осасуна во неделата. Во понеделникот имаше пенал на мечот Бетис – Гранада, во вторникот на Барселона – Леганес, а вчера имаше два пенали на средбата Еибар – Атлетик Билбао.

Останува да се види дали вечерва во Виторија или Мадрид оваа пеналџиска серија ќе продолжи или ќе биде прекината.

- Оглас -

Најнови вести