Пет месеци поминаа од трагичната хеликоптерска несреќа во која загина легендарниот Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џијана и уште седуммина во леталото. Пилотот Ара Зобајан бил дезориентиран поради густата магла и едноставно не можел да претпостави дека лета директно кон брдото во кое удри хеликоптерот, а потоа се запали.
Личната асистентка на Коби, Кејти Брејди открива нови детали за тоа што се случувало пред несреќата. Според Брејди, летот требало да стартува во 9:45 часот наутрно, но Коби ненадејно го променил планот. Брајант побарал летот да тргне во 9:00 часот, како би моѓеле да стигнат навреме во салата за да го гледаат кошаркарскиот меч кој бил пред дуелот на кој требало да настапи и неговата Џијана.
„Вечерта пред летот, односно околу 6 или 7 попладне, морав да го променат времето за старт на летот. Коби одлучи дека сака да го гледа и мечот кој беше пред дуелот на Џијана. Првично требаше да се лета во 9:45 часот, но подоцна беше одлучено летот да тргне во 9:00“, вели Брејди.
Од Лос Анџелес до местото каде што е школата на Коби има два часа возење, а со хеликоптерот таа релација требало да биде помината многу побрзо. Коби беше познат по тоа што често користеше хеликоптер како превозно средство.