Вердер Бремен очигледно дека по лошо ќе ја памти оваа сезона во Бундеслигата. Клубот кој четирпати во историјата бил шампион на Германија, по денешниот пораз од Мајнц со 3:1 е пред испаѓање од елитата. Од сезоната 1981/82 Вердер постојано е дел од елитата, што значи дека по речиси четири децении, е во опасност да се пресели во понизок ранг.
На горниот дел од табелата, шампионот Баерн немаше проблеми и со уште едно гол шоу на Левандовски стигна до победа против Фрајбург од 3:1. Полскиот репрезентативец постави рекорд како најдобар стрелец странец во една сезона во германското првенство.
Во дербито на колото, Борусија Дортмунд само потврди дека е подобар тим од Лајпциг и го победи на гости за сигурно второ место на крајот од сезоната за Милионерите. На овој меч, Борусија постави еден клупски рекорд, а уште еднаш се потврди дека во своите редови ги има убедливо најдобрите таленти во Европа.
Резултати од 33. коло: Баерн Минхен – Фрајбург 3:1, Фортуна Дизелдорд – Аугсбург 1:1, Келн – Ајнтрахт Франкфурт 1:1, Херта – Баер Леверкузен 2:0, Хофенхајм – Унион Берлин 4:0, Мајнц – Вердер Бремен 3:1, Падерборн – Борусија Менхенгладбах 1:3, Лајпциг – Борусија Дортмунд 0:2, Шалке – Волфсбург 1:4.