Српскиот инает против короната – Финалето на Купот во Ниш утре со публика

Партизан и Војводина ќе играат пред полни трибини утре од 19 часот во финалето на српскиот куп во Ниш.

Безмалку до пладне денеска се чекаше одлуката на кризниот штаб за борба против ковид-19, а здравствените власти дадоа зелено светло да има публика на мечот за пехарот.

Во Србија пандемијата со ковид-19 повторно стана опасна, има зголемен број заразени, а вирусот ги зафати и спортистите.

Црвена ѕвезда пријави пет случаи на позитивни на ковид-19, судиската тројка што го судеше вечното дерби исто така има позитивни тестови, а и кај кошаркарите и тенисерите има случаи со корона-вирус.

 

- Оглас -

Најнови вести