Имаа храброст и за Паненка – Војводина ја доби пенал-драмата против Партизан

Војводина успеа да ја добие драмата од над два часа во Ниш и да го освои пехарот во Купот на Србија со победа на пенали против Партизан.

Целиот меч беше исклучително возбудлив, а Партизан израмни на 2:2 со голот на Павловиќ со ножички во 96-тата минута и се извлече, но не успеа да го освои пехарот.

Во продолженијата од 30 минути немаше гол, па се изведуваа пенали. Војводина ги погоди сите четири удари од белата точка, Гемовиќ дури имаше и храброст да изведе и Паненка, а Партизан утна двапати, по што трофејот патува за Нови Сад.

Ова е втор триумф на Војводина во Српскиот куп во осмото финале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести