Навивачите на Партизан не си ја заборавија легендата (Фото)

Популарните Гробари не си ја заборавија својата легенда од трибините и за време на финалето истакнаа транспарент со ликот на Миша Тумбас, кој почина годинава.

Тумбас е една од навивачките легенди не само на Партизан, туку и на просторите на поранешна Југославија. Почина во април годинава, на 66-годишна возраст.

Партизан вечерва во Ниш го играше финалето на Српскиот куп против Војводина и загуби по голема фудбалска драма што траеше над два часа.

По подобро изведување на пеналите, новосаѓани го освоија пехарот, откако во регуларниот дел и по продолженијата беше нерешено 2:2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести