Валенсија ќе се обиде да го ангажира Кепа Аризабалага на двегодишна позајмица штом се отвори летниот преоден рок. Голманот на Челзи така ќе добие шанса да се врати во Шпанија по две сезони изминати на Островот, но само доколку добие дозвола од Френк Лампард.
При позајмицата за најскапиот голман на светот би требало да се вметне и опција за откуп на неговиот договор, но Челзи сигурно ќе бара висока сума со оглед на тоа дека пред две лета исплатија 80 милиони евра за ексчуварот на мрежата на Атлетик Билбао.
На Кепа не му е сигурна иднината на „Стемфорд бриџ“ со оглед на тоа дека Лампард трага по нов голман, со Сините се поврзува Андре Онана од Ајакс, кој може да му го земе местото на Аризабалага меѓу диреците доколку се пресели во Лондон.
Валенсија пак, не е задоволна од Каспер Силесен, холандскиот репрезентативец кој минатото лето пристигна од Барселона, па во Кепа гледаат како идеална замена.