Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука во идната сезона од Првата лига да испаднат четири екипи, а да влезат две за да се врати во нормала стандардниот формат со 10 екипи.
Поради пандемијата со корона-вирусот, тековното првенство беше прекинато без да се прогласи шампион, а се направи и отстапка да нема испаѓање и да влезат две екипи во Првата лига.
Тоа значи дека ќе имаме следна сезона со 12 клубови, но тоа ќе трае кусо бидејќи веќе од 2021/22 повторно ќе се игра најквалитетната домашна лига со 10 екипи.
Истовремено се донесе одлука котизацијата за учество во Првата лига да биде на пет рати поради кризата со ковид-19.