Класата е вечна, слободните удари на Руни сè уште се спектакуларни (Видео)

Вејн Руни има постигнато над 300 голови во кариерата и е еден од најдобрите стрелци во историјата на англискиот фудбал, а дека сè уште знае да постигнува прекрасни погодоци, потврди и вечерва.

На 34-годишна возраст дојде во Дерби каунти за да му помогне да се пласира во Премиер лигата и со голови го влече клубот кон бараж-зоната.

Руни е вистински мајстор за слободни удари, а токму против Престон докажа дека сè уште ја има магијата. Во 18-тата минута доби шанса да бие од прекин и тоа го стори велемајсторски, погодувајќи го аголот од голот што за Престон го бранеше Руд.

Derby County [1] -0 Preston North End – Wayne Rooney Free Kick 18′ from soccer

Голманот на домаќините беше измамен, тргна на погрешната страна, а Руни го постигна петтиот гол сезонава за Дерби. Популарните Овни победија со 1:0 со неговиот гол и сега се седми со 60 бода, само едно скалило под зоната што води во плејофот за пласман во Премиер лигата.

До крајот на Шампионат лигата има уште шест кола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести