Сане: Амбициите ни се исти, и јас и Баерн го сакаме пехарот во Лигата на шампионите

Лерој Сане потпиша петгодишен договор со германскиот првак Баерн Минхен и по претставувањето, веднаш најави дека има големи амбиции со најтрофејниот германски клуб.

„Сакам да освојам што повеќе трофеи со Баерн, но се знае што е топ-приоритет, да станеме повторно европски шампиони. Се радувам што повторно ќе работам со Ханси Флик. Се познаваме и одлично соработувавме во младата репрезентација до 21 година. Едвај чекам да им се приклучам на соиграчите на тренинг“, изјави Сане.

Крилниот играч пристигна во Баерн од редовите на Манчестер сити, а трансферот конечно се реализираше откако лани во последен момент беше одложен поради повредата на Сане.

 

- Оглас -

Најнови вести