Спонзор бара од НФЛ тим да си го смени името, било навредливо за Индијанците

Главниот спонзор на НФЛ клубот Вашингтон редскинс, компанијата „Федекс“, побара од челнците на клубот да го смени името на клубот, бидејќи ги навредува американските староседелци, Индијанците, кои се препознатливи и по прекарот црвенокожци, како што е името на тимот.

Ова не е првпат да се бара од Редскинс да си го сменат името, но овојпат работата е посериозна, бидејќи официјалното барање е од главниот спонзор со кого имаат договор вреден 205 милиони долари и валиден до 2025 година. Истотака, и стадионот во сојузната држава Мериленд на кој игра овој тим од лигата во американски фудбал, се вика „Федекс“.

Интересно е што пред шест години истотака малку фалеше да се случи промена на името Редскинс, но се побунија потомците на индијанското племе Онеиди од Висконсин, па прекарот на тимот остана. По убиството на Џорџ Флојд, во САД се зголеми борбата против расизмот и репресијата против „обоените“, па затоа се реактивираше барањето за промена на името на клубот.

Но, не само „Федекс“, туку и други моќни компании се вклучија во акцијата. Така, во продавниците на „Најк“, нема да се продаваат артикли со грбот на Редскинс додека не се смени спорното име.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести