„Ил Феномено“, па Ромелу Лукаку

Поразот од Болоња на домашен терен не му дозволи на Ромелу Лукаку да се радува на јубилејниот 20-ти погодок во Серија А. Белгискиот напаѓач стигна до учинок кој на „Џузепе Меаца“ се чека од сезоната 1997/98, последен пат поставен од феноменот Роналдо Назарио.

По цели 22 години, играч на Интер реализира 20 или повеќе погодови во Калчолигата, тоа е токму Лукаку, во одиграни 30 натпревари. Роналдо го стори тоа во 1998 година кога сезоната во првенството ја заврши со 25 гола на 32 меча.

Во периодот измеѓу, дресот на Интер го носеа великани како Кристијан Виери, Ернан Креспо, Златан Ибрахимовиќ, Самуел Ето, Диего Милито, но никој од нив не успеа да стигне до 20 првенствени погодоци во една сезона.

Иако Интер сезонава имаше шампионски амбиции, ваквите пропусти како денес покажаа дека тимот на Антонио Конте е далеку од конкурент за титулата, но навивачите може да бидат среќни што имаат голгетер кој редовно тресе мрежи.

Инаку Лукаку во вкупно 41 натпревар сезонава брои 26 гола и пет асистенции, учинок кој може да го подобри до крајот на шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести