Кога Интер не знае да погоди ни од пенал, не ни може да се бори за титула

Интер на свој терен беше изненаден од Болоња и загуби со 1:2, па Нераѕурите реално веќе може да се простат од трката за титулата во Серија А. По овој неуспех, тимот од „Џузепе Меаца“ сега заостанува дури 11 бодови зад лидерот Јувентус, а до крајот на првенството има уште осум кола.

Шокантен е поразот на Интер, посебно ако се знае како течеше средбата. По само 22 минути игра, Ромелу Лукаку погоди за водство на Интер, со кое се отиде и на полувреме. Во 57 минута, Болоња остана со играч помалку откако црвен картон доби Соријано. Пет минути подоцна, односно во 62 минута, Интер доби шанса да зголеми на 2:0, бидејќи беше досуден пенал за домаќините.

Лаутаро Мартинез кој е голема желба на Барселона ја превзема одговорноста, но неговиот удар го одбрани гостинскиот голман. Од тој момент, работите тргнаа лошо за Интер. Болоња со играч помалку израмни на 1:1 во 74 минута, а потоа следуваше нов шок за домаќините.

Во 77 минута беше исклучен домашниот играч Бастони, а Болоња не сопре и само три минути подоцна даде уште еден гол за комплетен пресврт и победа од 2:1.

 

- Оглас -

Најнови вести