Уго Љорис реагираше неочекувано по завршувањето на првото полувреме меѓу Тотенхем и Евертон и тргна да се пресмета со својот соиграч Сон Хеунг-мин, а поголем инцидент спречија останатите играчи на домашната екипа.
Однесувањето на голманот на Тотенхем беше неочекувано бидејќи неговата екипа води со 1:0, со автоголот на Кин од 24-тата минута.
Веднаш по завршувањето на првото полувреме, Љорис тргна кон Сон за да ги расчистат сметките, а нејасно е која е причината.
https://twitter.com/footballdaily/status/1280228212199522304?s=20
Јужнокореецот сакаше да возврати, но соиграчите го спречија во намерата и сè остана на кратко туркање и повеќе на вербален конфликт меѓу двајцата членови на домашниот тим.