Најпознатата спортска новинарка во Италија Дилета Леота на свој начин ја загрева атмосферата пред денешното дерби меѓу Милан и Јувентус на „Сан Сиро“. Леота синоќа објави фотографија на својот инстаграм-профил, а секоја нејзина нова објава привлекува големо влијание.
Новинарката седи на кровот на една зграда облечена во опрема за вежбање, а во описот искоментирала: „Завршен уште еден тренинг. Уживаме во залезот на сонцето и се релаксираме“.
Повеќе од половина милион луѓе изреагирале дека им се допаѓа оваа фотографија, а имун за да искоментира не остана ни првата ѕвезда на Милан, Златан Ибрахимовиќ.
Голгетерот на Росонерите во свој стил напиша: „Што правиш на кровот Дилета? Немој премногу да се опуштиш“.