Дани Велбек и Вилфрид Заха постигнаа два неверојатно атрактивни гола на премиерните натпревари од 34-тото коло во Премиер лигата, а за напаѓачот на Кристал палас бомбата од 25 метри е само утеха во поразот од Челзи со 2:3, додека за поранешниот англиски репрезентативец беше победнички за Ватфорд против Норвич.
На малото лондонско дерби имаше многу возбудувања, атрактивни потези и пет гола. Челзи поведе во шестата минута со погодокот на Оливие Жиру, а асистент беше Вилијан.
https://twitter.com/Chelsea_ENG_/status/1280549341481111559?s=20
Повторно Вилијан креираше прецизна асистенција и во 27-мата минута, а Кристијан Пулишиќ одлично ја заврши акцијата и ја дуплираше предноста на Челзи.
Pulisic goal for Chelseahttps://t.co/OvA7W9EE62
— USMNT Only (@usmntonly) July 7, 2020
Вилфрид Заха одговори на предизвикот и со страшно атрактивен гол во 34-тата минута намали на 1:2 и ги врати надежите на Кристал палас за подвиг против фаворитот.
https://twitter.com/KhaIzCFC/status/1280556336359657473?s=20
До крајот на мечот Тами Абрахам и Кристијан Бентеке постигнаа по еден гол на двете страни за победа на Челзи од 3:2.
Ватфорд успеа да победи во Премиер лигата по 11 меча пауза, а со триумфот од 2:1 против Норвич побегна на 4 бода дистанца од опасната зона.
Буендија во четвртата минута им донесе предност на гостите, а пресврт следуваше со головите на Доусон и на Велбек.
Особено атрактивен беше погодокот на поранешниот англиски репрезентативец за победа на домаќините.
What a goal!! Danny Welbeck 🙃🔥#WATNOR
pic.twitter.com/jHnx3jf0Fp— 𝔽𝕚𝕟𝕖𝔹𝕠𝕪𝕎𝕒𝕝𝕖✪ (@Authvibez) July 7, 2020
Велбек успеа да постигне гол со ножички во 55-тата минута и со атрактивен потег да му донесе победа на својот тим.