Велбек се изначека за гол, но вредеше да се чека за маестрални ножички против Норвич (Видео)

Дани Велбек чекаше долго, цели 14 натпревари за да го постигне првиот гол за Ватфорд, а чекањето вредеше за да се видат маестралните ножички со кои поранешниот англиски репрезентативец му донесе предност на својот тим од 2:1 против Норвич.

Ибрахима Сар одлично продре во 55-тата минута, се обиде да му асистира на Велбек, а топката во висок лак му падна како порачана на напаѓачот на домаќините.

https://twitter.com/richolmestwit/status/1280566105891799040?s=20

Велбек не се двоумеше воопшто и со атрактивен потег преку себе ја погоди мрежата на гостите. Многу атрактивен гол, кој може да му донесе бодови на Ватфорд во битката за опстанок во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести