Сити на „Месталја“ ја најде замената за Сане

Манчестер сити е блиску да го реализира ангажманот на младиот Феран Торес од Валенсија. Граѓаните на „Месталја“ ја најдоа замената за Лерој Сане, кој го засили Баерн Минхен, а токму Торес е играчот на Пеп Гвардиола.

За 20-годишниот крилен играч се интересираат повеќе европски гиганти, меѓу кои се градските ривали на Сити, Манчестер јунајтед, како и актуелниот италијански првак Јувентус. Сепак, шпанските медиуми тврдат дека токму Граѓаните ќе го добијат потписот на талентираниот Шпанец, кој има клаузула од 100 милиони евра.

Сити моментално преговара со Валенсија околу сумата на трансферот, додека Торес веќе се согласил на повеќегодишен договор со гигантот од „Етихад“.

- Оглас -

Најнови вести