Многу клубови имаат играчи на кои едноставно им е загарантирано местото во стартниот состав. Сепак, и тие играчи знаат да прескокнат некој меч, без разлика дали тоа ќе биде поради тренерска одлука, суспензија поради добиени картони, поради повреда или некоја друга причина.
Затоа редок е бројот на фудбалери кои ги одиграле сите 38 натпревари во најсилните лиги во Европа. Атлетик Билбао во своите редови има фудбалер кој не само што ги одиграл сите мечеви од оваа сезона, туку повеќе од четири години нема пропуштено првенствен меч.
Ињаки Вилијамс е напаѓачот на Атлетик Билбао кој во последните четири години секогаш играл на сите 38 лигашки средби. Никаква повреда, суспензија или друга причина не го спречило Вилијамс да се појави на теренот кога тоа било потребно.
Последен пат Вилијамс паузирал во јануари 2016 година, што значи дека од тогаш поминале четири и пол години, односно над 1550 денови. Овој играч на Атлетик Билбао со право го заслужува приматот за „фудбалер од челик“ во најсилните лиги во Европа.
Inaki Williams in La Liga:
✔ 2016/17 – 38 games
✔ 2017/18 – 38 games
✔ 2018/19 – 38 games
✔ 2019/20 – 38 gamesThe last time he missed a La Liga game was in January 2016… over 1550 days ago… pic.twitter.com/GIBnXr67YZ
— (@FootballlArena) July 25, 2020