Силекс го доби противникот во квалификациите за ЛШ

Силекс немаше многу среќа во ждрепката за квалификациите во Лигата на шампиони и за противник го доби тимот на Карабах. Кратовци ќе патуваат во главниот град на Азербејџан, Баку, а дуелот ќе се игра на 18 или 19 август.

Македонскиот претставник беше во улога на неносител на ждрепката и реално е со мали шанси дека може да го помине овој ривал.Карабах е клуб кој доминира во првенството на Азербејџан и веќе седум години по ред е шампион.

Силекс доби шанса да игра во квалификациите за ЛШ, откако шампионот Вардар не доби лиценца за евро настап, па кратовци како второпласирани во прекинатата ланска сезона си добија подарок и настап во елитното натпреварување.

 

- Оглас -

Најнови вести