Црвена ѕвезда не мора да патува до Кипар или до некоја друга земја и да игра на неутрален терен против Европа од Гибралтар откако доби дозвола од УЕФА да биде домаќин на „Маракана“ во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Ќе се игра без присуство на публика, иако во Србија нема забрана за навивачи на трибините, поради одлуката на УЕФА, која сепак имаше почит за поранешниот европски првак.
Останатите екипи од Македонија, Црна Гора, Албанија… не добија дозвола да играат на свој терен во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Црвена ѕвезда е голем фаворит против Европа и ако ја оправда улогата во следната филтер рунда, ќе игра против Динамо Тбилиси или Тирана, веројатно на неутрален терен или како гости, ако Грузијците и Албанците добијат дозвола од УЕФА да бидат домаќини во своите земји.