Ливерпул и Арсенал на 29 август ќе ги одмерат силите во Комјунити шилд, како освојувачи на Премиер лигата и ФА купот. Со дуелот во англискиот Суперкуп ќе се назначи стартот на новата сезона 2020/21, а битката за трофејот ќе се одржи традиционално на „Вембли“, во 17:30 часот.
Истиот ден претходно, во 13:30 часот ќе се одржи средбата во женскиот Комјунити шилд меѓу шампионот Челзи и освојувачот на женскиот ФА куп Манчестер сити. За првпат од 2008 година жените во англискиот фудбал ќе се борат за трофејот во Суперкупот.
Двата натпревари ќе се одиграат пред празните трибини на „Вембли“.