Вардар го победи Шкупи на гостински терен со 77:67. во 5. коло од Прва кошаркарска лига. Ова беше дуел на два тима кои досега немаа ниту една победа, а на крајот „црвено-црните“ се радуваа на триумфот. Шкупи остана на дното од табелата.
Три четвртини се играше неизвесно и ниту еден од двата тима не се стекна со предност која ќе му гарантираше мирна завршница. Во последните 10 минути, Шкупи влезе со предност од 54:53. Во 34 минута тимот од Чаир имаше водство од 62:58, но потоа се случи пад во играта на домаќините. Вардар со серија од 11:0, стигна до 69:62 и до крајот на средбата не ја испушти предноста.
Провел со 20 поени беше најефикасен кај Вардар, за кој по 12 поени постигнаа Ивановиќ, Михајловски и Радос. Рангелов со 17 поени беше најефикасен кај Шкупи.
Со оваа победа Вардар израмни на 1:1 во денешните дуели против Шкупи, ако се знае дека на фудбалскиот терен тимот од Чаир го победи најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија