Доминација на германските тренери во ЛШ

Томас Тухел од ПСЖ, Јулијан Нагелсман од Лајпциг и Ханси Флик од Баерн Минхен, се тројцата тренери чии тимови досега се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите, и сите тројца се Германци. Ова покажува дека освен Јирген Клоп кој лани ја овои ЛШ со Ливерпул, има и други одлични германски стратези кои одлично си ја вршат работата и од своите тимови вадат максимум.

Германија нема да има „4 од 4“, бидејќи во полуфинале ќе оди Шпанецот Пеп Гвардиола или Французинот Руди Гарсија, но тројца полуфиналисти покажува дека во Германија се посветува внимание и на тој дел, и заслужено сега уживаат во плодовите на напорната работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести