Сите навивачи на Бока јуниорс кои не се од Буенос Аирес и немаат каде да преноќат во главниот град на Аргентина, и имаат билет за финалето од Копа Либертадорес, може цела вечер да останат во кабаре клубот „Кокодрило“, а влезот ќе им биде бесплатен.
„Кокодрило“ е во сопственост на Омар Суарес, голем фан на Бока, и близок пријател на Диего Марадона, кој во минатото беше чест посетител на кабарето.
Суарес порача дека се добредојдени и фанови на Ривер, но ќе треба да си платат влезница и да не носат клупски обележја.