Зошто Роналдо не сака да игра на „Сан Сиро“?

Јувентус го има најдобриот старт во историјата на Серија А со 10 победи и едно реми по првите 11 меча. Актуелниот првак вечерва ќе го има едно од најголемите искушенија. Гостува на „Сан Сиро“ против Милан. Домаќините се полни со самодоверба пред дуелот со „старата дама“, бидејќи имаат три победи по ред во првенството. Милан има 10 бода помалку од Јуве, но кога е дерби, никогаш не се знае предвреме.

Јасно е дека Јувентус вечерва најмногу ќе се надева на играта на Кристијано Роналдо. Најскапиот играч во Серија А, на последното гостување на Јуве даде два гола и беше најзаслужен за победата. Сепак, играњето на „Сан Сиро“ не е некоја радоста вест за Роналдо. Португалецот досега пет пати играл на овој стадион и досега никогаш не постигнал гол.

Кристијано три пати бил ривал на Милан и еднаш на Интер, а тука го играше и финалето на Лигата на шампиони против Атлетико Мадрид. Единствената победа на овој стадион, ја има забележано токму против Атлетико Мадрид, додека кога играл против италијанските ривали, се нема радувано на триумф.

Добрата форма во која се наоѓа е само мотив плус, Роналдо да ја прекине лошата традиција која трае 13 години на овој легендарен стадион.

 

- Оглас -

Најнови вести