Словаците тврдат дека се жртви на измама поврзана со корона-вирусот, сакаат УЕФА да ја промени одлуката

Екипите на торшавн и Слован Братислава двапати го одложуваа својот меч во првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони, а причина за тоа е корона-вирусот. Дуелот требаше да се игра на Фарски Острови, но двапати беше одложен поради заразени со опасниот вирус во редовите на гостите.

По првично направените тестови, се покажало дека физиотерапевтот на гостите бил заразен со корона-вирусот. Мечот првично беше одложен за неколку дена подоцна. На второто тестирање, повторно се покажа дека во редовите на гостите еден играч е позитивен на корона-вирусот.

Затоа средбата и по вторпат се одложи. Гостите се вратија во Братислава, а од таборот на Слован постоело сомнение во резултатите од тестирањата на Фарски Острови. Тие тврдат дека на „домашен терен“ направиле тестирање и сите во таборот биле негативни.

„Резултатот покажува дека точни биле нашите сомнежи дека властите на Фарските Острови намерно не ни дозволија да го одиграме мечот. Во УЕФА ги испративме тестовите од сите во нашиот тим и тоа е нашиот адут да се обидеме да се заштитиме од непријатностите кои ги доживеавме на Фарски Острови“, вели директорот на Слован Братислава, Иван Кмотрик.

Слован најверојатно службено ќе го загуби овој дуел и ќе биде елиминиран од квалификациите во ЛШ, но останува нивната надеж дека УЕФА ќе ја разгледа нивната жалба и во наредниот период ќе ја промени одлуката.

Поради позитивни членови на корона-вирусот, веќе се случи Дрита, која е шампион на Косово, службено да биде елиминирана од квалификациите во ЛШ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести