Македонија води со 2:0 против Ерменија, а и вториот погодок за нашата селекција е постигнат од пенал.
По еден центаршут во шеснаесетникот на гостите, некогашниот вардаров играч Хоф, го фаулираше Елмас, а главниот арбитар Ирфан Пелјто од Босна и Херцеговина, досуди уште еден пенал за Македонија.
Сигурен реализатор беше Илија Несторовски во 38 минута.