„Унгарскиот Вардар“ ја прекина црвено-црната доминација во СЕХА-лигата

Петтемина поранешни вардарови ракометари, Манасков, Мораеш, Борозан, Шишкарев и Македа, му нанесоа тежок пораз на Вардар со конечни 35:27 во финалето од СЕХА-лигата. Веспрем ја освои третата титула во меѓународното ракометно напреварување и ја прекина црвено-црната доминација која траеше цели три сезони.

Унгарците тргнаа офанзивно и уште во првите 30 минути имаа предност од три гола при резултат 15:12, која можеше да биде и поубедлива. Иако тимот на Алушовски се надеваше на камбек, на секој нивен гол Веспрем одговараше со два на другата страна и во еден момент предноста беше +9 во корист на ракометарите во бели дресови.

Вардар дополнително немаше одговор за расположениот Коралес, кој запиша седум интервенции во првото полувреме, а заврши со 14 одбрани. Со пет гола Ненадиќ го  предводеше Веспрем, додека Калараш беше светлата точка во Вардар со шест погодоци.

Во битката за трето место претходно Мешков Брест го надигра ППД Загреб со конечни 29:24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести