Празничниот ден е идеален за фудбалски подарок од две гостински победи

Репрезентациите на Македонија за фудбалери до 21 година, и сениорската, денеска на Денот на независноста имаат прилика да ја израдуваат јавноста со победи кои ќе најават подобри денови за македонскиот фудбал.

Младинците од 15 часот гостуваат кај Фарски острови, тим кој во септември во Скопје го прегазија со 7-1. Избраниците на Благоја Милевски на последните три меча освоија само еден бод, и ова е шанса да се вратат на победничкиот пат.

Ако утнат пенал ги спречи да оавојат бод против силната Шпанија, тогаш нема причина да не ја оправдаат фаворитската улога во Торшавн. И квотите во Sport Life одат во прилог на тоа дека Македонија е фаворит.

За разлика од младите, А тимот не е фаворит на гостувањето во Тбилиси кај Грузија, меч кој почнува во 18 часот. Доколку верувате во триумф на Црвено-жолтите, тогаш упатете се кон уплатните места на Sport Life и грабнете ја шансата за заработка, бидејќи коефициентот за победа на Македонија е голем. Поради повреди селекторот нема да смета на Иван Тричковски и Кире Ристевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести