Убава посвета за Лавиците од Лион – Машкиот тим ќе игра со шампионските дресови на дамите

Играчите на Лион вечерва од 21 часот ќе играат со дресовите што ги носеа популарните Лавици од истото фудбалско семејство, во женското финале во Лигата на шампионите против Волфсбург и ја освоија седмата европска титула.

На сините дресови со жолти нијанси ќе има и посебна посвета. Секој играч на Лион ќе има на дресот по едно име од шампионскиот состав на женскиот тим и зборот „браво“ до него.

Дамите од Лион апсолутно доминираат на европската сцена и победуваа во последните пет изданија во Лигата на шампионите, а со 7 пехари се рекордерки, пред германскиот тим ФФЦ Франкфурт со четири трофеи.

На 30. август на легендарната „Аноета“ во Сан Себастијан го победија Волсфбург со 3:1 и ја заокружија петката трофеи во серија.

И машкиот тим на Лион играше одлично во Лигата на шампионите и стаса до полуфиналето, каде загуби со 0:3 од сега веќе актуелниот европски првак Баерн Минхен.

Мечот со Ним се игра вечерва од 21 часот во Лион.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести