Селта Виго благодарение на капитенот Јаго Аспас ја запиша првата овосезонска победа во Ла Лига со конечни 2-1 против Валенсија. Искусниот офанзивец беше двоен стрелец на „Балаидос“ и со фантастичен слободен удар ги освои бодовите за својата екипа.
Легендата на Селта прво погоди во 13-тата минута, но гостите од „Месталја“ се вратија во игра на стартот од второто полувреме преку Гомес.
Нецели 10 минути подоцна, Аспас имаше шанса да се закани од слободен удар. Гостите со дури шест играчи во живиот ѕид се бранеа од гол, но беше залудно откако Аспас испрати хируршки прецизен удар и го матираше Доменех за конечни 2-1.
https://www.youtube.com/watch?v=DCDZ2O0wMLM&ab_channel=FinnFanatical