И коефициентот сам кажува, Македонија ќе победи

Македонската фудбалска репрезентација како никогаш досега има шанса да се обиде да стигне до завршницата на Европско првенство. Остануваат уште мечевите против Лихтенштајн на гости и против Гибралтар во Скопје за да се остане на првото место во групата, а со тоа да се избори место во полуфиналето од плејофот за пласман на ЕП 2020 година.

Македонија в петок гостува кај Лихтенштајн, а на 19-ти овој месец на арената „Филип Втори“ ќе финишира групната фаза од Лигата на нациите. Сите во „црвено-жолтиот“ состав се оптимисти.

„Сигурен сум дека секој од нас ќе го даде најдоброто од себе за да ја оствариме целта и да победиме против Лихтенштајн. Мораме да бидеме трпеливи и концентрирани, а тогаш ќе дојдат до израз нашите квалитети. Во Скопје одигравме одлично, но тој резултат не смее да не залажува бидејќи Лихтенштајн сигурно ќе сака да го поправи впечатокот пред домашната публика. Свесни сме за важноста на натпреварот и треба да одиграме тактички добро и организирано. Во добра позиција сме, но, секако, треба да бидеме внимателни, концентрирани и со дисциплина во играта за да ги искажеме нашите квалитети на теренот во Вадуц. Мотиви и желба не недостасуваат. Напротив, пред оваа генерација е голема прилика да обезбеди место на Европското првенство. Сами решаваме за нашето место во групата и одиме да победиме”, изјави македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Токму Лихтенштајн е селекцијата против која Македонија има најмногу победи. Во осум меѓусебни средби, нашата селекција се радувала седум пати, а еден дуел заврши нерешено.

 

- Оглас -

Најнови вести