Чкембари денеска слават 35 години постоење: Се почна од едно гостување во Белград (Видео)

Една од најпознатите навивачки групи во Македонија, битолските Чкембари денеска имаат посебен ден. Иако во Битола нема никаков позначаен спортски настан, 25 септември е ден за почит во градот. На овој датум пточно пред 35 години е формирана навивачката група која веќе три и пол децении му дава поддршка на Пелистер, без разлика дали е тоа на фудбалското, ракометното или кошаркарското поле.

Како започна да живее навивачката група Чкембари? На 25 септември 1985 година ракометниот тим на Пелистер требаше да игра мајсторка за опстанок во Првата југословенска лига. Според битолчани, караван од 21 автобус тргнале од Битола кон Белград за да им дадат поддршка на своите миленици во дуелот против Партизан од Бјеловар.

Пелистер и претходно имал поддршка од трибините, но тоа што се случило на гостувањето во Белград има посебно значење. Тогаш за првпат се појавила организирана група со транспаренти и имало организирано навивање. Тие млади дечки се нарекувале  Битолчани Мотокари ЧКЕМБАРИ Македонци.

Пелистер го доби мечот и остана во елитната југословенска лига, а токму тој ден, 25.09.1985 година, се смета за формирање на Чкембарите.

По тој повод, денеска на Амфитеатарот во Битола ќе се организира прослава со почеток во 19 часот.

- Оглас -

Најнови вести