Шалке 04 го разреши тренерот Вагнер

Бундеслигашот Шалке 04 му даде отказ на тренерот Давид Вагнер, после лошиот почеток на сезонава, во кој Шалке во двете кола прими дури 11 голови.

Но, причината за смената на 48-годишниот Вагнер не се само дебаклот од Баерн од 0-8 и синоќешниот поразот од Вердер од 1-3. Шалке има ужасни 8 месеци без победа, црна серија во која тимот од Гелзенкирхен имаше 19 официјални натпревари, а не доби ниту еден.

Вагнер во Шалке 04 дојде во првата половина на минатата сезона.

Вагнер е само четвртиот тренер во историјата на Бундеслигата кој бил ослободен после само два меча од почеток на сезона. Тој имаше договор со клубот до 2022 година.

Досегашните помошници Кристоф Бихлер и Франко Фрехлинг ќе работат со тимот, а деновиве ќе се знае името на новиот главен тренер.

- Оглас -

Најнови вести