Трио фантастико се прости од настапи за Хрватска

Триото сребрени момци од Мундијалот во Русија, Марио Манџукиќ, Даниел Субашиќ и Ведран Чорлука вечерва и официјално се простија од настапите за Хрватска.

На „Максимир“ околу 30 илјади гледачи со громогласен аплауз ги испратија своите тројца јунаци, кои со Хрватска го забележаа најголемиот успех со освојување на среброто на Светското првенство во Русија.

На стадионот во Загреб веќе се игра мечот од Лигата на нациите меѓу Хрватска и Шпанија во рамките на четвртата група од Сегментот А.

На Манџукиќ, Чорлука и на Субашиќ им беа подарени дресови со броевите на нивните настапи за хрватската селекција. Чорлука има 103, Манџукиќ 89, а Субашиќ на 44 натпревари го бранеше голот на второпласираната репрезентација на Мундијалот во Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести